Дали се прашувате како да се ослободите од тие неколку килограми кои ве мачат? Научниците советуваат наместо брзи диети кои се штетни по здравјето, да имате само трпение и да знаете малку математика, па проблемот со килограмите лесно ќе го решите.
Истражувачите од американскиот Институт за зравје откриле дека, за квалитетна диета, дневно треба да намалите само 5 калории за секој килограм што сакате да го изгубите. Тоа значи дека ако сакате да ослабнете 5 килограми, треба да внесувате 25 калории помалку од потребното. Тоа значи да се откажете од едно бомбонче, или пак 3 голтки вино, што не е тешко нели?
Научниците тврдат дека ако се држите до тој план, ќе ја достигнете идеалната тежина за 3 години, но најмногу килограми ќе изгубите во првата година.
Оваа диета е најздрава бидејќи нема никаво негативно влијание врз здравјето, а е најлесна затоа што не бара од вас некои големи откажувања. Диетата е идеална за оние кои имаат трпение и сакаат да го сочуваат здравјето.
