← НАЗАД НА БОЗА

Накитот на доделувањето на Оскарите

Накитот на доделувањето на Оскарите
1394 Читања

И оваа година убавите актерки го поминаа црвениот тепих во раскошни тоалети, и неизбежните луксузни парчиња накит.

Погледнете кој каков накит носеше…

Jennifer Lopez – нејзините уши и раце заблескаа во накитот на Lorraine Schwartz.

 

Angelina Jolie – го донесе здивот на старомодниот холивудски стил со дијамантските обетки од 20 каратно злато креација на Neil Lane.

 

Berenice Bej – ѕвездата од филмот „Уметникот“ носеше обетки од смарагд и дијаманти креација на Chopard.

 

Cameron Diaz – носеше едноставни дијамантски ѓердан, обетки и прстен креација на Tiffany & Co.

 

Прекрасниот фустан на Tom Ford изгледаше феноменално на Gwyneth Paltrow, но фустанот беше само на второ место. Она што го истакна добриот изглед на Paltrow беше големата нараквица, креација на Anna Hu – Haute Joaillerie.

 

Jessica Chastain носеше прекрасни обетки, креација на Harry Winston. Во комбинација со фустанот дело на Alexander McQueen, Jessica изгледаше феноменолно.

 

Meryl Streep – со златниот фустан носеше златни обетки. Секогаш прекрасна!!!

 

Michelle Williams – одбра vintage дијамантски ѓердан дело на Freda Leightona од 19 век.

 

Emma Stone – блесна во нараквиците на Louis Vuitton.


Natalie Portman – својот vintage look го надополни со дијамантски ѓердан во V форма и обетки креација на златарата Harryj Winston.

 

Rose Byrne – негативката од комедијата „Деверуши“ се одлучи за обетки креација на Chanel.

 

Rooney Mara – носеше едвај забележителен vintage прстен креација од Fred Leighton од 1910. Прстенот од платина и дијаманти со минијатурен портрет беше вистински предизвик за папараците.

 

Penelope Cruz – го одбра Chopard, нејзиниот ѓердан тежеше 56 карати, обетките 15 карати додека нејзината елегантна нараквица 43 карати.

 

Shailene Woodley – се закити со нежни и децентни дијамантски обетки креација на Harry Winston.

 

Tina Fey – се одлучи за обетки од сафир и смарагд тешки 50 карати дело на модната куќа Bvlgari.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk