Убавина

Намалете ги брчките во 7 чекори

Наоружете се со знаење и научете како да се борите против овие предавници на женската убавина. Освен целулитот, брчките се најголемиот непријател на жената. За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја намалите појавата на брчките или да го намалите изгледот на оние кои веќе се појавиле.

1.     Спијте на грб

Редовното спиење на една страна може да предизвика појава на брчки за време на спиењето, кои остануваат на лицето и откако ќе станете. Најопасна положба е спиење на стомак, бидејќи така ги нагласувате цртите на челото кои се многу видливи. Ако спиете настрана, тогаш повеќе брчки ќе имате на образите и брадата. Решението е едноставно – спијте на грб!

2.     Лосос во исхраната

Лососот е вистински рудник на омега 3 масни киселини. Неговите есенцијални масни киселини ја негуваат кожата и ја одржуваат млада, што ја намалува појавата на брчки.

3.     Утринското кафе заменете го со какао

Какаото содржи голема количина на флавоноиди кои ја штитат кожата од штетните сончеви зраци, ја подобруваат циркулацијата, хидратацијата, а кожата е помека на допир.

4.     Не напрегнувајте ги очите премногу

Кога ги напрегнувате очите и замижувате, употребувате голем број мускули на лицето и околу очите, што остава длабоки траги во вид на брчки. Носете очила кога работите на компјутер или читате, а секогаш имајте со вас очила за сонце, па дури и во зима.

5.     Негувајте се со овошни киселини

Овошните киселини многу поволно делуваат на различни недостатоци на кожата. Природните овошни киселини го отстрануваат горниот слој на кожата и ја откриват свежата кожа. Така ја намалуваат појавата на брчки, особено на ситните околу очите.

6.     Витамин Ц не е само за настинка

Витаминот Ц ја зголемува концентрацијата на колаген во кожата, штити од УВ зраци и ја смирува иритацијата на кожата.

7.     Не чистете го лицето премногу често

Дерматолозите предупредуваат дека премногу честото чистење на лицето може да го отстрани природниот заштитен слој масност и влага на кожата кој штити од брчки. Бидете нежни кон своето лице и со лесни движења масирајте го кога се миете.

Напиши коментар