Namba Parks е неверојатно парче архитектура, место каде што ќе го поминете половина од Вашето време во шопинг, а другата половина, набљудувајќи ја посебноста на ова место. Се наоѓа во близина на безбол стадионот во Осака и се состои од 30- катен облакодер, парк кули и огромен трговски центар кој вклучува ресторани и кина.
Во прилог на обезбедување видлива зелена компонента, во град, каде што природата е ретка. Така, паркот се поврзува со улиците, овозможува на граѓаните да уживаат во оваа убавина, преубавите дрвја, карпите, гребените, тревниците, потоците, водопадите, езерцата и отворените тераси.
За ова место специфични се и забавата и јадењето. Namba Parks е новото искуство во Осака, кое ги слави интеракцијата на луѓето, културата и рекреацијата. Проектот е толку успешен што во тек е постапка за доизградување на објектот, кој е планиран да биде двојно зголемен.
Не би било чудно овој објект да го прогласат за 8мо светско чудо !!!











