Здраво тело

Храна што го налува апетитот и ќе ви помогне да ослабнете

Храната која е богата со скроб и шеќер, како што е чоколадата, тестенините, компирот и оризот го намалуваат апетиот, заситуваат но само на кратко.

Нутриционистите конечно ги открија намирниците кои навистина го намалуваат апетитот и кои можат навистина да ни помогнат за постигнување на идеалната тежина.

Тоа се јајцата, рибата, сирењето и другите млечни продукти. Тие го намалуваат лачењето на хормонот кој го стимулира нашиот апетит. Кога во телото ќе опадне хормонот грелин, мозокот добива информација дека сме сити, па се чувствуваме помалку гладни и јадеме многу помалку, тврдат научниците.

Од друга страна храната богата со јаглехидрати има спротивен ефект. Кога ќе внесеме таква храна во организмот добиваме чувство на ситост, но тоа трае многу кратко, а потоа телото нагло има потреба од храна која ја внесуваме во многу поголеми количини од вообичаено.

Напиши коментар