Убавина

Намирници кои можат да ве разубават

Сите имаме денови кога сме самите на себе си убави, но и кога не сме. Меѓутоа, доколку јадеме некои од следните намирници, нашата убавина секојдневно ќе доаѓа до израз, бидејки на тој начин ја храните вашата убавина одвнатре. Погледнете некои продукти кои можат да ве направат убави во секој момент.

Лосос

Лососот е богат со омега 3 масни киселини. Тој го спречува цвенилото на кожата и настанувањето на брчки. Лососот содржи антиоксиданси и витамини Б  и  Д  кои се добри за кожата.

Јогурт

Јогурот содржи многу калциум за јаки коски, нокти, заби. Една шолјичка јогурт, содржи многу повеќе калциум, отколку во чашата млеко.

Остриги

Остригите можат да го зголемат колагенот , кој служи за обнова на станиците на кожата. Исхраната богата со остриги ќе спречи кожата да старее и ќе ве направи помлади.

Боровница

Составот на боробницата може да спречи оштетување на станиците и содржи антиоксиданси. Телото поради тоа станува поздраво.

Киви

Освен што е добар извор на антиоксиданси, кивито е добар извор на витамин Ц и калиум, кои помагаат во спречувањето на стареењето на кожата.

Сладок компир

Компирот е богат со бета – каротин, кој во телото се преработува во витамин А. Бета каротинот исто така, ја заштитува осетливата кожа од оштетувања од сонцето.

Спанаќ

Исхраната со зелен и лиснат зеленчук, е добра за здравјето на очите и за свжина на изгледот. Неговата најака вредност можете да ја приметите со  ефектот на сјај во очите по конзумирањето.

Домат

Доматот е главен извор на ликопен. Ликопенот е силен антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните сончеви влијанија.

Ореви

Главен извор на омега 3 масни киселини и витамин Е се оревите. Омега 3 масните киселини, кои се наоѓат во оревите помагаат во борбата против болестите како што се псоријазата и различните екцеми.

Темно чоколадо

Темното чоколадо е богато со антоксиданси и хранливи состојки. Нејзината фунција го појачува протокот на крв и циркулацијата во кожата, ја зголемува хидратацијата и ја штити кожата од сонцето.

 

Напиши коментар