Здраво тело

Намирници кои може да ги јадете во неограничени количини

Доколку внимавате на вашата линија сигурно внимавате и на калориската вредност на намирниците кои ги внесувате. Имаме добра вест за сите вас кои го правите ова. Постојат и такви намирници кои слободно може да ги јадете во неограничени количини.

Пуканки

Нормално не се мисли на оние подготвени со путер или пак со вкус на сирење, чоколада и слично. Најдобро е самите да си ги подготвите. Пуканките содржат многу малку калории, заситуваат и се исклучително добри за столицата. А ако ги зачините со малку чили или лута пиперка во прав ефектот ќе биде поголем.

Кисели краставички

Верувале или не тие содржат само 16 калории така што може слободно да ги јадете и кога сте на диета.

Карпачо од тиквици

Тиквиците исто така имаат многу мала калориска вредност, а при тоа се богати со многу витамини и минерали затоа е добро да ги внесувате. На пример подгответе карпачо од тиквици. Исецкајте ги тиквиците на тенки листови и само на кратко потпечете ги. Потоа потопете ги во лимонов сок и зачинете ги со сол и бибер. Од ова јадење може да јадете колку што сакате.

Напиши коментар