ШоуБиз

Наоми Кемпбел и во 40-тите ненадминлива!

Градеше кариера на светски познат модел цели 26 години. Сепак, Наоми Кемпбел не планира уште некое време да престане со манекенството и тоа со добра причина.

41-годишниот модел го покажа своето совршено тело во долна облека со леопардски принт за новата пролетна кампања на Роберто Кавали.

Во кампањата е заедно со Американката Кристен МекМенами (47), со Брит Карен Елсон (32) и со Холанѓанката Дафне Греневалд (17).

„Екстремно софистицирана и женствена визија“ е описот кој стои под сликите на кои гордо позира Наоми, со заводлив поглед, силна и сензуална.

Решивме да ја претставиме колекцијата преку жени кои го отелотворуваат стандардот на современа жена, – велат од модната куќа Кавали.

 

Напиши коментар