Мода

Наоми Кемпбел како „цреша на шлагот“ на ревијата на Роберто Кавали

На модната недела која се одржа во Милано Роберто Кавали ја претстави својата најнова колекција наменета за сезоната 2012/2013 година, на која најголемо внимание привлече топмоделот Наоми Кемпбел, која ја затвори ревијата со феноменален фустан со гол грб.

Колекцијата на Кавали беше во негов стил – многу светки, убави материјали и гламурозни силуети, но самата колекција остана во сенка на прекрасната појава на Наоми, која изгледа како воопшто да не старее.

Наоми, која верувале или не има 40 години, изгледа многу младо, свежо и секси. Таа во интервјуата вели дека нејзината беспрекорна кожа и фигура се должи на избалансираната исхрана, како и на „лимоновата диета“ која неодамна ви ја претставивме (за потсетување, станува збор за детоксификација на организмот со напиток од вода, лимон, јаворов сируп и чили).

Погледнете како изгледаше ревијата на еден од најпознатите светски дизајнери:

 

Напиши коментар