Наоми Кемпбел повторно се најде на насловна, овој пат на престижното списание „Харперс Базаар“ за мартовското издание.
Супермоделот позирал за неколку извонредни црно бели фотографии, а дала свои коментари и за стареењето, нејзините грешки и љубовта.
За стареењето Наоми вели:
– Не се грижам за бројките. Немам ништо против стареењето.
За правењето грешки:
– Мора да направиш грешки. Така се учи и така функционира светот. Сум направила неколку. Она што не прави луѓе е способноста да им погледнеме на грешките во очи и да се справиме со нив; начинот на кој се справуваме со нашите грешки е она што нè дефинира како личности.
За дечкото Владимир Доронин:
– Тој е голем човек и секогаш ме поддржува, и емоционално и кога станува збор за совет. Многу го сакам својот партнер!



