ШоуБиз

Наоми приредува спектакуларен настан за рускиот милјардер

Црниот бисер од модниот подиум подготвува спектакуларна забава во чест на нејзиниот сакан, рускиот милјардер Владислав Доронин. За неговиот 50-ти роденден манекенката испланирала 4 дневна гламурозна забава и се вели дека тоа ќе биде настан за кој долго ќе се зборува.

„На 4-ти ноември Наоми ќе собере многу луѓе во Индија и ќе ги подмири сите нивни трошкови. Тоа ќе биде забава на векот“, открива извор близок на моделот.

Наоми и Владислав се заедно од 2008 година, а како потсетување ќе ви кажеме дека 40-от роденден на Наоми беше спектакуларно отпразнуван во Јужна Франција пред две години, па можеби таа сака да го врати гестот на уште поспектакуларен начин…

 

Write A Comment