Без многу филозофирање и објаснување, ова се неколку корисни совети кои може да ви го „поправат„ животот секој ден по малку. Ден по ден…
Секој од нас е личност за себе која има свои ставови, уверувања, навики, животен стил и секој од нас различно реагира на различните ситуации. Но, едно е заедничко за сите, а тоа е дека сите ние сакаме да имаме подобар живот. Не правете ништо со сила, не се форсирајте и не си задавајте рокови. Правете ги промените постепено, така што полесно ќе ви станат навика. Секој ден правете по едно нешто за себе. Ова се нашите предлози:
– Живејте по формулата 3Е – ентузијазам, емпатија и енергичност
– Секој ден шетајте барем по 10 мин. Смејте се што е можно почесто, тоа ќе ги избрка лошите мисли од главата
– Правете го она што ве исполнува
– Сонувајте што повеќе додека сте будни, тоа ќе ве натера да посакувате, а тоа да делувате
– Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како просјак. Јадете повеќе свежа храна, пијте многу вода и чаеви од билки
– Исчистете го домот, канцеларијата, автомобилот. Направете пријатна средина во која поминувате голем дел од времето. Тоа позитивно ќе влија на вас
– Не го губете времето на трачарење, враќање на минатото… посветете се на ДЕНЕС
– Не мразете никого, животот е прекраток за такви работи. Простете им на сите и продолжете напред
– Не сфаќајте ништо премногу сериозно, а особено не себе си
– Не мора да победите во секоја кавга, согласете се со некој кој има различен став од вашиот и сочувајте си ја енергијата за поважни нешта
– Заборавете на ситните грешки, тие и онака нема да бидат важни за 5 години
– Секој ден направете нешто добро за себе, партнерот или семејството
– Не ги губете нервите за ситни нешта, тоа се само ситни нешта. Кога ќе помине времето ќе се каете што сте се посветиле на нив, а сте можеле да направите нешто повеќе за себе
– Работите можат да течат и без вас, земете си некој час само за себе
Секој ден, чекор по чекор, ништо не е недостижно!
