Здраво тело

Направете барем по една работа дневно за себе

Без многу филозофирање и објаснување, ова се неколку корисни совети кои може да ви го „поправат„ животот секој ден по малку. Ден по ден…

Секој од нас е личност за себе која има свои ставови, уверувања, навики, животен стил и секој од нас различно реагира на различните ситуации. Но, едно е заедничко за сите, а тоа е дека сите ние сакаме да имаме подобар живот. Не правете ништо со сила, не се форсирајте и не си задавајте рокови. Правете ги промените постепено, така што полесно ќе ви станат навика. Секој ден правете по едно нешто за себе. Ова се нашите предлози:

–          Живејте по формулата 3Е – ентузијазам, емпатија и енергичност

–          Секој ден шетајте барем по 10 мин. Смејте се што е можно почесто, тоа ќе ги избрка лошите мисли од главата

–          Правете го она што ве исполнува

–          Сонувајте што повеќе додека сте будни, тоа ќе ве натера да посакувате, а тоа да делувате

–          Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како просјак. Јадете повеќе свежа храна, пијте многу вода и чаеви од билки

–          Исчистете го домот, канцеларијата, автомобилот. Направете пријатна средина во која поминувате голем дел од времето. Тоа позитивно ќе влија на вас

–          Не го губете времето на трачарење, враќање на минатото… посветете се на ДЕНЕС

–          Не мразете никого, животот е прекраток за такви работи. Простете им на сите и продолжете напред

–          Не сфаќајте ништо премногу сериозно, а особено не себе си

–          Не мора да победите во секоја кавга, согласете се со некој кој има различен став од вашиот и сочувајте си ја енергијата за поважни нешта

–          Заборавете на ситните грешки, тие и онака нема да бидат важни за 5 години

–          Секој ден направете нешто добро за себе, партнерот или семејството

–          Не ги губете нервите за ситни нешта, тоа се само ситни нешта. Кога ќе помине времето ќе се каете што сте се посветиле на нив, а сте можеле да направите нешто повеќе за себе

–          Работите можат да течат и без вас, земете си некој час само за себе

Секој ден, чекор по чекор, ништо не е недостижно!

Напиши коментар