Art & Crafts

Домашен сируп од жалфија против кашлица

Зовријте чај од 40 гр жалфија и 600 мл вода. Растопете 300 гр шеќер без вода на ниска топлина. Тргнете од оган и додадете сируп од шеќер во чајот. Добиениот сируп мешајте го на ниска топлина еден час. Кога чајот ќе биде во густина на мед, изладете го и чувајте го во замрзнувач. Дозирање: за возрасни 3 пати на ден по една голема лажица, деца 3 пат на ден по една мала лажица.

Овој природен сируп го смирува кашлањето, и одличен  е за пушачи. Сепак ако кашлањето потрае подолго и ако е придружен со температура, побарајте совет од вашиот лекар.

Напиши коментар