Убавина

Направете домашна козметика од портокал

Освен тоа што портокалите се многу вкусни, тие се и многу здрави. Имаат голема количина на витамини Ц, Е, и од Б групата, а кората е богата со масла. Тие се многу благотворни за кожата и се препорачуваат на оние со многу чувствителна кожа.

Маска за црвенило

Во обична маска за глина ставете малку свежо исцеден сок од портокал. Тоа ќе го избрише црвенилото од вашата кожа.

Маска за сува кожа

Еден портокал изблендирајте го и ставете му една лажица мед и малку овесни снегулки. Со оваа смеса премачкајте го лицето и деколтето.

Лосион за чистење на лицето

Исецкајте еден портокал и еден грејпфрут и прелијте го со 200 мл вода. Ставете го на оган нека проврие 5 минути. Кога ќе се излади процедете го и соберете ја течноста во едно шише, а во него ставете и 100 мл ракија или алкохол.

Напиши коментар