Убавина

Направете домашна крема за нозе

Набрзо ќе дојдат топлите денови кога зимските обувки ќе ги замениме со сандали. А тоа значи дека е време да им посветиме малку внимание на стапалата.

Можете и самите дома да си направите педикир, кој ќе го надополните со една ултра богата крема која ќе ги омекне вашите стапала. Оваа крема се базира на бадемово и кокосово масло. Овие масла се богати со луранска киселина, која е важна за спречување на микробите и ја штити кожата.

Потребно ви е: две лажици пчелин восок, 4 лажици бадемово масло, 4 лажици кокосово масло и 2 лажици ружина вода.

Восокот стопете го на пареа па измешајте го со маслата. Убаво измешајте, енергично, се додека не добиете хомогена смеса. Оставете ја да отстои два часа во фрижидер. После туширање намачкајте ги стапалата и облечете памучни чорапи. Ефектот ќе биде неверојатен.

 

Напиши коментар