Иако постојат безброј методи за правење ароматично масло, некои се поедноставни. Погодноста за изработка на домашните ароматични масла е тоа што се поефтини и можете да го направите посакуваниот мирис. Ова може да се употребува за полирање, чистење, едноставно како мирис во домот.
Следете ги следниве чекори и ќе го имате :
1. Прво, изберете го мирисот кој Ви одговара, без разлика дали е овошје, цвеќе или билка.
2. Излупете го овошјето и ставете го во чиста тегла со капаче. Ако употребувате цвеќе или билки, само ставете ги во тегла. Можете да ги мешате мирисите така што повеќе ќе ставите од одреден вид цвеќе или билка.
3.Додајте една лажичка природно масло, како на пример сончогледово или маслиново. Затворете ја теглата и оставете ја на место каде што може да добие доволно сончева светлина. Оставете ја теглата да отстои 48 часа, а редовно, 2 пати на ден протресувајте ја.
4.После 48 часа исцедете ја содржината, т.е. отстранете ги остатоците од цвеќе или овошје. Вратете го маслото во теглата и пак додадете нови, свежи состојки, оставајќи ги на сончево место 48 часа. Исто, два пати дневно протресете ги.
5. Оваа постапка повторувајте ја додека маслото не поприми мирис на цвеќе или овошје. Кога тоа ќе се постигне, ставете го маслото во посебно шишенце, во кое ќе го чувате.
6. Ова можете да го користите како средство за полирање подови , а од него можете да изработите и свеќа.
