Убавина

Направете лосион од магдонос за избледување на флеките

Негата на кожата на вашето лице е секојдневно непремостлив детал од ритуалот на секоја жена. На билките кои се протегаат околу нас, секојдневно се гледа како на моќни сојузници за зачувување на убавината и негувана кожа. Така, покрај маските  и пилинзите во вашата домашна работилница за нега,  треба да направите и пилинг за освежување на тенот.

За да го направите овој лосион, потребно е да исецкате магдонос и да го измешате со кисела павлака. Во таа смеса се натопуваат платнени крпчиња со кои ќе го обложите лицето и вратот. Доволни се 10 до 15 минути за овој лосион да делува освежувачки на вашето лице.

Доколку кожата ви е нешто посува, во магдоносот и киселото млеко, измешајте некоку капки бадемово масло. Тоа додатно ќе ја нахрани сувата кожа. По третманот на лицето со овој лосион, кожата ќе биде свежа и чиста.

На крајот измијте го лицето со млака вода  а по потреба нанесете и хидрантна крема.

Напиши коментар