Art & Crafts

Направете маникир кој навистина трае

Следете ги овие 5 правила и заборавете на грижата за ноктите во текот на целиот ден…

Подготовка: Исчистете ги ноктите со средство за отстранување на лак. Тоа ќе ги отстрани претходните остатоци од боја, маснотии и други нечистотии, кои би можеле да придонесат новите слоеви лак побргу да се излупат.

Техники :

1. Нанесете тенок слој безбоен лак. Истиот поцврсто ги врзува слоевите боја за ноктите  и така лакот ќе се задржи подолго.

2 Потоа, нанесета два слоја безбоен лак. Пред лакирањето,исчистете ја четкичката од работ на шишенцето. Кога маникирот е во прашање, важи правилото дека помалку е всушност повеќе. Затоа не нанесувајте дебел слој за да не се создадат меурчиња.

3.За да ви биде мирна раката додека нанесувате лак, ставете го лактот на масата. Лакот намачкајте го во три чекори ( во средината, па странично), водејќи сметка кутикулите да останат чисти.

4. После вториот слој, нанесете малку лак и на работ од ноктот, за да го спречите кршењето ( јасен знак дека пишувате премногу смс-пораки ). Држете ја четкичката вертикално и размачкајте го малото количество лак долж рабор.

5. Финиширајте повторно со безбоен лак, кој ќе им даде сјај на ноктите. Сушете ги со фен- две минути со топол воздух и три минути со ладен воздух.

Ако сепак се излупи- ставете малку ацетон на стапче за уши и поминете преку излупениот дел за да ги ублажите рабовите. Потоа повторно намачкајте лак на истото место.

Напиши коментар