Убавина

Направете освежителна купка во вашите омилени освежителни бои!

Дозволете си себе си, да уживате во една од овие феноменални, релаксирачки купки во боите кои ќе ве развеселат и ќе ви ја вратат енергијата. Својата вообичаена купка, збогатете ја со некои од следниве додатоци и уживајте во опојните мириси и разиграноста на нивните прекрасни бои:

Црвена: Грст цветови од хибискус, во која ќе додадете голема лажица лимонтус, варете ги 5 мин во еден литар вода. Оставете ја течноста 10мин да отстои, процедете и додадете ја на омилената купка.

Сино-виолетова боја: Во када полна со вода додадете два грста, цветови од црн слез. Слезот можете да го замотате во газа и така да го потопите во кадата на неколку минути, или ако не ви се допаѓа, оставете ги цветовите романтично да плутаат по водата.

Жолто-портокалова: Две лажици, цветови од невен, варете ги во литар вода, само 2 мин. Потоа оставете течноста да одстои 10 мин, процедете и течноста додадете ја во веќе подготвената купка за капење.

 

Напиши коментар