Art & Crafts

Направете парфем од кокос

Направете си сами парфем од кокос, кој освен тоа што има лековито дејство, за разлика од купениот нема ни хемикалии кои се штетни за кожата.

За подготовка на домашниот парфем ќе ви треба природно кокосово масло. Тоа е важно бидејќи пиродното масло е густо и се топи на температура која е над 25 степени. Кога ќе го нанесете на кожата тоа ќе почне да се топи и да испушта неверојатен мирис.

Ова се потребните состојки: 10 мл кокосово масло, 20-25 капки етерично масло по желба, сад за мешање со капак, и дрвена чепкалка. Шишенцето со маслиново масло ставете го во сад со топла вода за да се затопли. Потоа постепено сипете го во садот за мешање. Ставете го етеричното масло, промешајте со дрвена чепкалка и поклопете. Оставете да се излади, па потоа пресипете го во некое шишенце од каде ќе го користите парфемот.

Напиши коментар