Убавина

Направете сами домашен третман против акни

Летниот период е уште покритичен за оние со проблематична кожа подложна на акни. Затоа обрнете поголемо внимание на нега на кожата. Ова се неколку домашни третмани кои ќе ви помогнат на лесен начин да се спасите од акните.

Сок од ананас и пециво

Овој третман темелно ќе ја исчисти кожата и ќе ги исуши акните. Измешајте две лажици сок од ананас со пециво. Нанесете со кружни движења, убаво измасирајте се а потоа измијте се со вода.

Јагоди и јогурт

Измешајте малку јогурт со пире од јагоди. Нанесете на лицето и оставете нека делува 20 минути.

Маслиново масло и кафен шеќер

Маслиновото масло содржи многу витамини кои се потребни за нега на кожата. Измешајте една лажица маслиново масло со две лажици кафен шеќер. Убаво истријте го лицето, а потоа оставете нека делува. Измијте се со млака вода.

Напиши коментар