Art & Crafts

Направете сами дрвена фотографија

Направете сами дрвена фотографија

Имате ли омилена фотографија која сакате вечно да го краси вашиот дом, вашата канцеларија…

Доколку сте од оние кои ги сакаат семејните фотографии не ви е потребна некоја голема вештина за да го украсите вашиот ѕид или наткасна со Вашата омилена фотографија, потребни Ви се малку волја и трпение.

На принтер испечатете ја вашата фотографија на обична принтер хартија. За подобар ефект се препорачува ласерски принтер но инкџет принтерот ќе заврши работа.

Одберете парче дрво кое одговара на големината на фотографијата.

Парчето дрво со четка или валјаче премачкајте го со мат акрилен гел, односно акрилна боја без пигмент (остатокот акрилна боја искористете ја да дадете сјај на некое некој дрвен детаљ во вашиот дом)

Ставете ја фотографијата врз дрвото, така што испечатената страна е свртена кон дрвото. Израмнете добро за да нема меурчиња воздух.

Оставете да се исуши во текот на една ноќ.

Следниот ден со мокра крпа натопете ја површината на сликата и полека извадете го слојот хартија.

Премачкајте со безбоен лак.

И Вие добивте прекрасна фотографија на дрво.

 

Напиши коментар