Art & Crafts

Направете сами лак за нокти од сенка за очи

Неверојатно лесно, а највозбудливиот детаљ е што можете да ја направите онаа нијанса која ја посакувате.

Се што Ви е потребно е:

Провиден лак

Сенка за очи

Чепкалка за заби

Мал фишек од хартија

Постапка:

Со чепкалката за заби изгребете ја сенката во фина пудра без грутки, за да може лесно да се измеша со лакот за нокти. Колку сенка ќе додадете зависи од тоа каква нијанса на боја сакате да добиете. Не се плашете да измешате повеќе бои.

Фината пудра со помош на фишекот од хартија истурете ја во провидниот лак и протресете го лакот 30 секунди ( доколку лакот е нов ќе биде потребно малку да го испразните, како би направиле место за сенката).

За колку време лакот ќе се исуши зависи од неговиот квалитет.

Едноставно нели… но ефектот е неверојатен!!!

 

Напиши коментар