← НАЗАД НА БОЗА

Како маникирот подолго да трае?

Како маникирот подолго да трае?
1506 Читања

Следете ги нашиве совети и заборавете на грижата околу ноктите најмалку една седмица.

Припрема

Исчистете ги ноктите со средство за отстранување на лак, тоа ќе ги отстрани евентуалните предходни остатоци од боја но и мрснотијата и останатата нечистотија која ако не се исчисти правилно, предизвикува брзо лупење на новиот лак.

Техники

Нанесете тенок слој заштитен безбоен лак. Ова добро ги врзува слоевите на лак па затоа тој подолго и ќе се задржи на ноктите.

Потоа нанесете два слоја лак во боја. Пред апликација исчистете ја четкичката од ивицата на шишенцето. Кога станува збор за маникир, тогаш важи следново правило – малку е повеќе, затоа не насувајте дебели слоеви на лак. Тоа може да предизвика грозни меурчиња по ноктите.

За да ви биде раката сталожена додека нанесувате лак потпрете се со лактовите на масата. Лакот се нанесува во три потези, прво средината а потоа сраните, внимавајќи притоа кожичките да останат чисти.

После вториот слој, нанесете малку лак и на ивиците на ноктот како би се спречило лупењето. Држете ја четката вертикално и размачкајте мала количина лак по должината на ивицата.

Финиширај со последниот слој безбоен лак кој ќе им придаде сјај на ноктите. Исушете ги со фен и тоа 2 минути со топол воздух и 3 минути со ладен воздух.

Ако сепак некаде се излупат или пунат, тогаш ставете малку ацетон на чепкалка за уши, и преминете со него преку оштетениот дел за да ги ублажите ивиците. Потоа префарбајте.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk