Ако сте од ние кои сакате слободното време да го користите за да направите нешто креативно имаме идеален прокет за вас.
Ѓердан со пластични камчиња кој ќе можете да го носите на вечерните забави.
Потребен материјал:
Едно парче црн филц или друга боја по желба
Сатенска трака
Пластични камчиња во разни облици
Лакови за нокти во неколку бои
Ножици
Лепак

Парчето црн филц исцртајте го со креда во саканта форма, а ние ви предлагаме во форма на месечина, која најдобро ќе се прилагоди на вратот и деколтето. Откако ќе го исечете веднаш за краевите сошијте ги сатенските траки, кои ќе служат за врзување на ланчето.
Следна постапка е боење на пластичните камчиња со лак за нокти. Кога добро ќе бидат исушени ќе можете да ги залепите на црниот материјал по желба без некаков редолсед.
Крајниот резултат е ултра модерен ѓердан.
