Убавина

Направи си сама: Антиоксидантен спреј за лице

Многу од вас користат специјален спреј со термална вода за освежување на кожата. Овој тип козметички средства делуваат одлично за хидрирање на кожата истоштена од летните горештини. Некои дами користат за таа цел и чиста минерална вода.

Денес ви приготвивме една алтернатива на овие две идеи – да си направите сами полезен спреј за лице во домашни услови. Приготвувањето е мошне едноставно. Потребни ви се 2 кесички зелен чај и 2 чаши преварена студена вода. Поставете ги кесичките зелен чај во студената вода и додадете лед направен од минерална или изворска вода. Почекајте околу 2 часа.

Исипете ја течноста во шишенце со распрскувач и вашиот хидратантен спреј за лице е готов. Тој е богат со антиоксиданти и дури ја штити кожата од сонцето. Користете го во текот на целиот ден особено кога сте на плажа.

Write A Comment