Prison brake

Нарко кралот познат како „Господ на небото“

2) Amado Carrillo Fuentes

Amado Carrillo Fuentes (17 декември 1956 година – 3 јули 1997 година), роден во Гуамичилито, Синалоа. Carrillo беше мексикански нарко крал на Juárez Картелот. Тој стана познат како “El Señor de Los Cielos” (Господ на небото), поради огромната флота на авиони која што ја користеше за транспорт на дрогата. Тој исто така беше познат по перењето на огромната количина на пари – над 20 милиони американски долари преку Колумбија за финансирање на неговата огромна флота на авиони. Американскиот оддел за борба против наркотични средства го опиша Carrillo како најмоќниот нарко бос на неговата ера. Тој почина во болница после ризичната пластична операција со која требаше да го промени неговиот изглед. Во последните денови Carrillo беше следен од страна на Мексичките и Американските власти.

Carrillo од страна на луѓето доби огромни почести на неговиот погреб во Гиамичилито, каде што бил познат како “Робин Худ”. Тој бил познат по давање на пари, добиток, а на неколку стотици луѓе им имал поклонето екслузивни и скапи автомобили, вклучувајќи ги: Ram Charger, Grand Cherokee, Chevrolet Suburban и Lincoln Continental. Carrillo дури ја финансирал и изградбата на црквата во селото. Неговата палата во Хермосило, била наречена “Палатата на Илјада и една ноќ”, која што сеуште не е конфискувана или разрушена. Во 2006 година, гувернерот Eduardo Bours побара од федералната влада да го урнат овој “споменик“.

Напиши коментар