Убавина

Нашминкајте се со морски тонови

Летото е време кога е дозволено поголемо експериментирање со јаките бои. Секое лето си носи нови трендови на бои и начини на шминкање, но летното синило едноставно никогаш не излегува од мода. Сините, зелените, а и тиркизните тонови се секогаш во мода, па затоа слободно употребете ги и ова лето.

Играјте се со нијансите, употребувајте металик бои… сето тоа е дозволено за вечерните шминки. Само шминкањето завршете го со голема доза на маскара, на тој начин дополнително ќе ја истакнете убавината на вашите очи.

Атрактивната тиркизна сенка за очи најдобро им одговара на бринетите, темните бои за црвенокосите, светлите нијанси за црнокосите…

Напиши коментар