ШоуБиз

Наскоро биографија на Adele!

Неофицијалната биографија со детаљи од животот на Adele ќе биде објавена следниот месец. Оваа книга, прва со податоци од приватниот живот на пејачката, ќе ги покрива сите настани од детството до денес.

Биографот Marc Shapiro изјавил дека неговото дело ќе го прикаже животот на музичката ѕвезда, но без претерана сензационалност.

–          Adele отсекогаш беше и остана онаа скромна девојка од Тотенхем, – бил неговиот коментар.

Пејачката е позната по тоа што ревносно ја штити својата приватност. Иако двата нејзини албуми „19“ и „21“ се инспирирани од минати врски, таа сеуште не ги открива идентитетите на луѓето за кои пишува и пее.

Биографот побарал да направи неколку интервјуа со пејачката, но таа го одбила. Shapero има напишано книга и за Justin Bieber.

Напиши коментар