Adele е една од најпознатите пејачки на светот со рекордна продажба на албумот првенец, но таа популарност во музиката не мора по дефиниција да значи и успех во полето на модната индустрија.
Имено, списанието „Vogue“, на чија насловна се најде британската пејачка, е едно од најлошо продаваните во историјата на истото, открила уредничката Alexandra Shulman. Таа додава и дека славата не секогаш значи и добра продажба.
– Adele е една од најпознатите жени на светот, но насловната со нејзиниот лик е една од најлошо продаваните на сите времиња. Верувам дека читателите мораат да се поврзат со личноста на насловната, без обѕир на тоа како таа изгледа, – изјавила уредничката.
Најчесто, кога на насловната на „Vogue“ има музичка ѕвезда, списанието не се продава баш најдобро.
– Нашето најпродавано списание беше илјадитиот број, а на таа насловна немаше никој. Купувачите можеа да го видат само својот одраз на сјајната хартија. Верувам дека ова ви кажува сѐ, – открива Shulman.