Познатата актерка Натали Портман ја промени бојата на косата. Иако цел живот, нејзината долга кафена коса беше заштитен и препознатлив знак за неа и нејзината уникатна убавина, таа за потребите на нејзината нова улога ја промени бојата на косата.
Својот нов имиџ го промовираше на црвениот тепих во саботата, на Дизни концертот , кој беше наменет за отварањето на проектот “Танц” во Лос Анџелес, заедно под рака со својот сопруг, во прекрасен бел Диор фустан.
Погледнете го нејзиниот нов изглед и преценете дали ви се допаѓа. Според нашето мислење, Натали е прекрасна жена, па затоа бојата на косата не игра многу важна улога. На убав човек, се му стои, нели?




