ШоуБиз

Натали Портман се враќа во форма!

Добитничката на Оскар за филмот „Црниот лебед“ Натали Портман, минатото лето го роди синот Алеф и година подоцна, таа повторно се враќа на филмското платно, освежена и полна со енергија.

Првиот филм, „Knight of Cups“ ќе почне да се снима на лето, а покрај Натали, во филмот ќе играат и Кристијан Бејл, Кејт Бланшет и Изабел Лукас.

Вториот филм со наслов „Lawless“ е планиран да се снима на есен, а во него ќе глумат и Рајан Гослинг и Рони Мара.

И двата филмови се во режија на Теренс Малик, чие последно дело „The Tree of Life“ со Бред Пит во главната улога, освои бројни позитивни критики и номинација за Оскар.

Напиши коментар