Откако ја започнаа врската Наташа и Влада се постојано под притисок од страна на новинарите. Папараците постојано ги следат, а новинарите постојано смислуваат разни приказни за нивната врска. Деновиве излезе веста дека Наташа и Влада ја прекинале врската, и додека се шпекулира за тоа тие двајца се наоѓаат во најлусксузниот хотел во Анталија.
Таму ќе бидат до крајот на месецот. Секое слободно време го користат за да се тргнат од очите на јавноста. Пристисокот кој им го прават новинарите е неподнослив за нив, изјавил близок пријател на парот.

Кога ќе се вратат од одмор, следи семејниот одмор на Наташа со нејзината сестра Кристина и двете деца. За Наташа одморот ќе трае до крајот на летото, а од есен ја најавува промоцијата на нејзиниот нов албум.
