← НАЗАД НА БОЗА

Научете да пиете и избегнете HANGOVER !!!

Научете да пиете и избегнете HANGOVER !!!
1275 Читања

Искористете го секој слободен викенд оваа лето до максимум, без размислување за досадниот мамурлак следното утро ( или губење време на опоравување) со помош на неколку едноставни трикови кои научно докажано успеваат!!!

1. Пред да пиете јадете мрсна храна и намирници богати со јаглехидрати.

Сигурно сакате да сте во топ форма кога ќе излезете, но факт е дека мрсната храна ја забавува апсорпцијата на алкохолот и помага да се намалат стомачните иритации. Јаглехидратите спречуваат пад на шеќерот во крвта и ја намалуваат мачнината.

2. Водата е Вашиот најдобар пријател

Пијте вода пред, по и додека пиете алкохол. Алкохолот е деуретик, што значи дека од организмот ќе исфрлите повеќе вода од што внесувате. Кога има недостаток на вода во организмот, другите органи му ја крадат потребната вода на мозокот, поради тоа мозокот праќа нервни сигнали кои значат болка во главата.

3. Пијте светли пијалаци

Црното вино, барбунот, брендито и вискито содржат висок процент на конгерни, токсични хемикалии кои бараат додатен напор на Вашиот организам за нивно елиминирање.

4. Не пијте пиво или газирани пијалаци пред да пиете појак алкохол, затоа што газираните пијалаци ја зголемуваат апсорпцијата на алкохол во крвта и создаваат главоболка.

5. Појадокот може да направи голема разлика

Јајцата содржат цистин, аминокиселина која помага во разградување на алкохолот, бананата содржи калиум која е есенцијален за функционирање на мозокот, овошниот сок содржи витамини и фруктоза која додатно ќе ја зголеми енергијата на Вашиот организам и така тој полесно ќе се справи со мамурлукот.

7. Најважно правило !!! Имајте граница…

Погледнете го видеото и имајте интересна журка без грижа за HANGOVER !!!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk