Мода

Научете ја енергијата на боите преку колекцијата на Алексис Мабил

„Само жените кои не знаат како да се облекуваат се плашат од боите“. Ова е една изрека на Марсел Пруст, која послужила како инспирација за пролетната колекција на дизајнерот Алексис Мабил за претстојната сезона.

Секоја креација на Мабил е монохромна, односно е само во една боја. Колекцијата е како палета на бои, од најжешката црвена до најнежната сина, а лицето на секој модел е обоено во истата боја и секоја манекенка носи огромен шешир во форма на цвет, исто така во таа боја.

Мабил бил инспириран од фотографија на познатиот модел Лиза Фонсагривс, која на фотографијата изгледа како да има розево лице заради отсјајот на светлината.

Фустаните кои ги нуди Мабил се навистина интересни и се сплет на неколку стилови. Најголемиот дел од нив се наменети за гала настани и свечени вечери, но дел од нив одговараат и за денску покежуал варијанти.

 

Напиши коментар