Убавина

Научниците пронашле гел кој долготрајно ги отстранува влакната

Тим научници од универзитетот во Пенсилванија откриле дека лекот, кој главно се користи за лечење на вирусни инфекции на очи, го запира растот на влакната доколку се нанесе дирекно на кожа.

Првите тестирања се спроведени на мажи и покажале дека овој производ го запира растот на брадата за дури шест недели.

Научниците сега се надеваат дека ќе може да ги искористат новите информации за да направат производ кој ќе им помогне на жените безболно да се ослободат од влакната за подолг период.

Средствата кои досега ги користат жените кои имаат проблем со прекумерна количина на влакна имаат голем број негативни страни.

Новиот гел во себе содржи 3% од лекот и се покажа како навистина ефективен, но засега научниците мора внимателно да работат за да создадат адекватна формула, бидејќи голема доза може да предизвика несакани ефекти како главоболка, мачнина, температура и др.

Напиши коментар