Мојата кујна

Наздравете со сангрија!

Потребни состојки:

1 портокал

1 лимон

1 јаболко

½ чаена чаша шеќер

Канела

Карамфил 3 зрнца

750 мл црвено вино

2 чаени чашки коњак

250 мл газирана вода

Лед

Исецкајте ги добро измиените портокал и лимон на сосема тенки парчиња. Излупете го јаболкото и исчистете го од семките. Исецкајте го и него на тенки парчиња. Измешајте го овошјето со шеќерот, канелата, карамфилот во голем длабок сад. Додадете ги црвеното вино и коњакот, мешајте додека шеќерот не се раствори. Додадете уште шеќер ако е потребно. Оставете го садот во ладилник за околу 1 час. Сервирајте со лед.

2 коментари

    • mnogu malku cimet, vsushnost toa se koristi bukvalno kako zachin, sto znachi vo mnogu mali kolichini i po vkus 🙂

Reply To boza Cancel Reply