Motherhood

Не дозволувајте бебето да плаче само навечер!!!

Дали и вие сте следбеници на стратегијата која учи дека треба да го оставаме бебето да плаче само навечер со цел да научи да спие само? И не е ли ова исто како да ја ограничувате храната на детето за да се научи како да го контролира апетитот? Со други зборови – не е ли лудост?

Да го оставиш бебето да плаче цела ноќ можеби треба да му покаже како да се теши само наместо да се надева дека тоа ќе го направи оној кој го создал и кој би требало да се грижи за него.

Со тек на време детето ќе научи да спие само. Кога сте уморни вие спиете, кога сте гладни, јадете – тоа е инстикт и нема потреба бебето да учи нешто што му е вродено. Оние кои ова го прават се веројатно истите кои сметаат дека детето се разгалува од премногу љубов и внимание, па го ограничуваат и од тоа.

Да оставиш бебето да плаче само е надвор од границите на нормалното и е нехумано. Многу подобро е да се менувате со партнерот и детето да знае дека секогаш ќе има некој кој ќе го утеши и смири. Стравот од напуштање не е само измислица, туку сосема официјален термин, кој опишува една реална состојба кај децата. Со раѓањето тие доаѓаат во еден сосема нов, непознат свет кој ги плаши и збунува.

Вашата улога е да им покажете на бебињата дека овој свет не е суров, туку прекрасен и дека нивното присуство тука е сакано.

Напиши коментар