ШоуБиз

Не е лесно да си Jack Nicholson :)

Уапсен е еден Бразилец кој бил доволно глуп па пробал и отворил сметка во банка со лична карта на која се наоѓала слика на Jack Nicholson.

Од филмовите научивме дека кога „лошите момци“ крадат нечиј идентитет и купуваат лажни лични карти и пасоши, на тие документи не стојат имиња на познати личности, туку на тотални анонимци. Овие филмови очигледно не ги следел криминалецот од Бразил кој на личната карта си залепил слика на Nicholson, по што вднаш бил уапсен.

Уапсениот Ricardo Sergio Freire de Baros под сликата од 2003 година се потишал како Joao Pedro dos Santos. По апсењето, кај криминалецот биле пронајдени уште пет лични карти, 36 книшки од банка и 4 кредитни картички. Имало и други лажни документи.

Напиши коментар