ШоуБиз

Не е лесно да си Оскаровец :)

Добитникот на Оскар за најдобра машка улога, францускиот актер Жан Дежарден (39) се вратил во родната Франција еден ден по церемонијата со Оскарите, а на аеродромот во Лос Анџелес доживеал вистинска опсада од своите фанови.

Таму го чекала цела армија обожаватели која дошла да го испрати актерот и да му посака среќен пат за Франција. Замаен од „цунамито“ слава која го заплиснала, актерот веднаш почнал да се фотографира со фановите, да им дели автограми и бакнежи. Но, малку подоцна се изморил и станал малку нервозен. Со помош на обезбедувањето, некако успеал да се оттргне од гужвата, а нервозата ја покажал во лифтот на аеродромот кога едвај чекал да исчезне од таму.

Дежарден сега го нарекуваат и францускиот Џорџ Клуни.

Напиши коментар