Здраво тело

Не ги заборавајте костените! Полни се со витамини и минерали

Костените се единствените оревести плодови кои содржат витамин Ц. Освен овој витамин изобилуваат со многу други витамини: А, витамини од Б групата, минерали како што се калиум, сулфур, магнезиум, железо… Имаат многу диететски влакна, а многу мала количина на масти. За разлика од оревите, бадемите, лежниците, костените се значително пониско калорични. Во 100 гр ореви има 691 калории, додека пак во 100 гр костени има 170 калории.

Нутриционистите велат дека печените костени се многу похранливи од варените. Печените костени го задржуваат витаминот Е, што не е случај кога ти се варат. Но, варените костени пак ја задржуваат целата количина на минерали.

Напиши коментар