Многу родители ќе се изненадат од насловот, но насловот е констатација и резултат од научно истражување, спроведено на универзитетот New Hampshire, на тема домашно насилништво.
Резултатите недвосмислено покажале дека удирањето на детето по задницата влијае врз неговиот сексуален живот подоцна.
„Поголема е веројатноста луѓето, кои како деца биле казнувани на тој начин во подоцнежниот живот принудуваат на сексуални односи, покажуваат наклонетост спрема мазохистички секс и често неодговорно се однесуваат кога е во прашање заштитата од несакана бременост или од полови болести„- заклучува Професорот Murray Straus.

Студијата е спроведена на почетокот на 2011 години, а опфатила 207-мина студенти на кои им е поставено прашањето дали ги возбудува мазохистичкиот секс и дали како деца биле казнувани со удари по задницата. Straus дошол до очекуваните резултати според неговата хипотеза. Имено студентите кои се казнувани со удариње по задницата биле два пати повеќе заинтересирани за мазохистички секс.
Студиите за семејното насилство покажале дека 90% од родителите ги удираат своите деца. Сепак, покрај предупредувањата, користењето на таа воспитна мерка не се намалува.
„Најдобро чуваната тајна на детската психологија е дека децата кои никогаш не се удирани се оние со најпримерно однесување и подобри резултати на сите полиња во животот“, заклучува Straus.
