Ријана гостувала во Опра шоу на кое зборувала за шокантниот настан кои и го променил животот. Целосно и искрено зборувала за се што ја мачи…
Опра за својата ТВ емисија ‘Oprah’s Next Chapter’ била гостинка кај поп-пејачката Ријана која целосно искрено зборувала за се што се случувало со поранешното момче Крис Браун.
“Сите ми зборуваа дека е чудовиште без да ја погледнат целата ситуација. Бев повеќе загрижена за него”, додала Ријана.
“Се се промени преку ноќ. Не можев тоа да го контролирам, морав да се носам со тоа и воопшто не ми беше лесно, особено пред камерите кога целиот свет гледа”, изјавила Ријана. Иако била му била лута на Крис, сепак сакала да му помогне.
“Се чусвтвував како да треба него да го заштитам, како да е сам и единствен човек кој сите го мразат. Бев во чудна фаза, бидејќи во исто време бев лута и повредена и предадена. едноставно мислев дека направи огромна грешка и дека треба да му помогнам”, искрено изјавила пејачката од Барбадос.
http://www.youtube.com/watch?v=1-IQK0yM2xs
