Motherhood

Не знаат да зборуваат но знаеле да се шегуваат?!

И покрај тоа што не умеат да зборуваат, бебињата можеле да се шегуваат помеѓу себе.

Експерти од Австралија утврдиле дека малите дечиња и бебињата можат да комуницираат со помош на различни гестови и звуци.

Бебињата помеѓу 6 и 18 месеци дури и си разменуваат шеги, како со очи, така и со мимики, гестикулации и знаци.

Поради тоа специјалистите препорачуваат бебињата да се среќаваат често со своите врсници. Тоа игра голема улога за развојот и комуникацијата со животната средина.

Експертите докажале дека средината во која децата живеат определува дали ќе плачат или ќе бидат смирени. Бебињата исто така се однесувале различно кога биле во друштво со свои врсници и сосема поинаку кога се со своите родители.

 

Напиши коментар