Здраво тело

Недостатокот на вежбање е подеднакво штетно како и пушењето цигари

За секоја десетта смрт одговорно е невежбањето, а дури две третини од луѓето не се придржуваат на здравствените норми, дека вежбањето барем два пати неделно е добро за вашето тело.

Бројот на смртни случаи поврзани со пушењето цигари е помал, отколку бројот на смртни случаи од срцеви заболувања, шеќерна болест или висок крвен притисок, утврдиле на Универзитетот Харвард, по анализата на морталитетот на Британците минатата година.

Срцевите заболувања, бројните канцерогени болести, дијабетисот и други заболувања во голема мера се поврзани со недостатокот на физичка активност.

Според светските здравствени препораки луѓето треба најмалку два пати енделно да вежбаат, а тоа може да биде брзо одење, трчање, возење точак и слично.

Напиши коментар