Еве неколку добри совети за дамите кои ја фарбаат својата коса. Со овие трикови подолго ќе ја задржите бојата.
Кафе за бринетите
Сварете голема шолја кафе, почекајте да се излади па измешајте го со едно јајце. Со оваа смеса намачкајте ја косата и завиткајте ја во фолија. По 20 минути измијте се.
Камилица за плавуши
Со оглед на тоа дека плавата боја многу брзо ја менува својата нијанса со измивање, овој чај ќе ви помогне да го забавите овој процес. Барем еднаш неделно мијте ја косата со чај од камилица.
Кна за црвенокосите
Црвенокосите имаат најголем проблем со измивањето на бојата. Таа боја бара посебна нега. Затоа еднаш месечно помешајте кна со вода и оставете да делува половина час пред да ја измиете. Така ќе ја задржите бојата и таа ќе добие поубав сјај.