Убавина

Негувајте се со масло од јојоба

Маслото од јојоба, заради своите извонредни состојки, може лесно да стане најдобар производ за нега на секоја жена.

Маслото од јојоба претставува екстракт од семките од стебото јојоба (Simmondsia chinenis), од кое се прави масло и восок. Неговиот состав е сличен на маслото кое го произведува човечката кожа, па него може да го користат и оние со масна кожа.

Како делува? Кожата, со користење на ова масло, почнува да верува дека произведува доволно маснотија и со тоа повторно се враќа во рамнотежа. Маслото од јојоба е некомедогено, односно не ги затнува порите.

Маслото од јојоба и дава влажност на кожата пеку целиот ден, ја хидратизира, негува и го спречува појавувањето на брчки. Брзо се апсорбира и не дава мрсен изглед на кожата. Одлично е за масна но и сува кожа, па и за оние кои имаат акни. Содржи многу витамини, особено витамин Е, а заради својот посебен состав ја штити кожата од надворешните влијанија.

Маслото од јојоба може да го користите како крема за лице и тело, но и како третман за нега на коса. Ја овновува кожата, ги негува испуканите усни, а исто така одлично ја отстранува и шминката. Се користи и како масло за масажа и ароматерапија.

Напиши коментар