Врелите летни денови се одлични за свадба, особено ако си набавите неколку летни реквизити кои освен тоа што се практични и ќе ви бидат од корист, тие на вашата свадба ќе и дадат и една вистинска летна нота.
Летните чадорчиња може да ви послужат како декорација, а на гостите ќе им завршат голема работа. Освен тоа за сликањето се голема инспирација.







Следна добра алатка е лепезата. Може да биде со предуви, чипка, во зависност од вашата креација на венчаницата. Може да биде во ултра впечатлива боја, како декративен елемент. Или пак едноставно одберете нешто што вам ќе ви се допаѓа.







