35-годишниот Reg Traviss, поранешниот дечко на починатата Amy Winehouse, бил уапсен во Лондон и една цела ноќ ја поминал во притвор. Иако бил пуштен од затвор по само една помината ноќ таму, можно е повторно да се врати бидејќи бил обвинет за силување.
Го тужела непозната девојка со која, според неговите зборови, се гледал од време на време.
– Скршен е. Не може да си поверува што му се случува. Иако ја познава, со неа никогаш немал секс. На суд ќе докаже дека е невин, – изјавил негов близок пријател.
Reg ги негира обвиненијата, нарекувајќи ги небулозни и лажни. Девојката која го пријавила, наводно била силувана во јануари.
